И во текот на денешниот ден, исто како и претходните денови се задржа нестабилното време со повремен локален дожд. Исто такво време ќе се задржи и на почетокот од новата недела која што ни претстои. Досега наврнаа следните количества на воден талог и тоа во л/м2: Берово 10, Струмица 6, Демир Капија 4, Претор 3, Охрид 2, Виница 1, Тетово 1.
Инаку според сегашните анализи со кој располагаме, постабилна атмосфера и значително потопло време, и тоа поради продор на значително потопла воздушна маса од југ ќе имаме од четврток.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука