НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Градот направи штети врз земјоделието

Во текот на денешното попладне, нашата територија беше зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места, и тоа особено во источните предели услови развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите беа застапени во форма на невреме проследено со електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Најпогодено од невремето е Пехчево, каде во околните села врнежите од град успеале да напрамат и штети врз земјоделието.

Локален пороен дожд и грмежи попладнево беше региститран и во Скопскиот регион, додека во овие вечерни часови сеуште нестабилност проследена со дожд и грмежи има во југоисточните предели на државава, но истата полека го намалува својот интензитет па така оваа вечер се очекува насекаде стабилизирање на атмосферата.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука