Невреме ја зафати Македонија – во Битола наврнаа 53 л/м2 воден талог

Во изминатите 24 часа нашата територија, и тоа особено југозападните предели од нашата држава интинзивно подпаднаa под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса, која на повеќе места услови пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите беа поинтензивни и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер, електрични празнења и појава на град. Најпогодена од невремето во текот на вчерашниот ден беше Битола каде наврнаа 53 л/м2 воден талог. Невремето услови и локални поплавувања во овој дел од државава.

По Битола со најголемо количество на воден талог, следува Охрид каде наврнааа 29 л/м2, Прилеп 12 л/м2 додека на другите места количеството на воден талог беше помало од 10 л/м2. Во зоната на нестабилност ветерот повремено достигнуваше брзина од над 70 км/час и тоа особено во Тополчни, во Битола ветерот достигна брзина од околу 50 км/час.

Локално нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во текот на претстојната ноќ, како и утре и во вторник. Локално повторно ќе има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси, додека постабилна атмаофера ќе имаме од среда.

Следете го официјалниот фејсбук профил н Славчо Попоски тука