НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО УШТЕ ДЕНЕС – ОД УТРЕ, ПА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ БРЗО И ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СВЕЖО со мала до умерена локална облачност и со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Претпладнево локално сеуште ќе има нешто повеќе облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени.

Во Скопје и околината претпладнево сеуште ќе има нешто повеќе облачност, додека попладне облачноста ќе се намали и времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Потоа од утре, па за време на викендот времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ветерот ќе ја намали својата брзина, додека температурите ќе бележат тенденција на брз пораст и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, и за време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен. Сепак наутро ќе биде особено студено, особено до сабота кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури до -1 степен.

И во Скопскиот регион од утре, па за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на брз пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени, додека наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki