НАЈНОВО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕТСТОЈНИОТ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД

По вечерашниот влажен воздушен бран, кој ќе услови врнежи во поголем дел од државава, за време на претстојниот продолжен викенд нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сувва воздушна маса која ќе условува сончево и потопло време преку ден, повремено со умерена облачност.

Наутро ќе биде релативно свежо, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Доста посвежо како што веќе најавивме ќе биде утре со максимални дневни температури од 15 до 21 степен. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

И во Скопје и околината за време на претстојниот продолжен викенд времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Максималната дневна температура ќе се искачува до околу  22, 23 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука