НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: СУШАТА КОЈА ЈА ЗАФАТИ НАШАТА ДРЖАВА И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВА

Според најновите анализи со кој ние располагаме и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели, суштата која ја зафати нашата држава ќе продолжи и понатаму, што значи продолжува периодот на претежно стабилно и суво време.

До  крајот на денов ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утре и во петок ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност, додека во сабота повторно ќе има малку повеќе облаци а само на планинските места не се исклучува можноста за сосема слабо и локално провејување на снег. Во петок и во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.

Максималните дневни температури, особено за време на викендот и тоа поради влијание на постуден воздух од север ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, наутро ќе биде значително постудено со минимални температури кој ќе се спуштаав во интервалот од -6 до 1 степени.

Што се однесува до Скопје и околината, ќе продолжи периодот на стабилно и суво време без никакви врнежи, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат до околу 12 степени, пад на истите очекуваме за време на викендот кога ќе се искачуваат до околу 8 степени, наутро ќе биде уште постудено кога минималната температура се очекува да се спушти до околу 0 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука