НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОСВЕЖУВАЊЕТО ПОЛЕКА ДОАЃА, ВО ПЕТОК ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА 5 ДО 8 СТЕПЕНИ

До четврток продолжува ЕКСТРЕМНО ТОПЛОТО време со натпросечни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 33 до  40 степени. Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 43 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека повремено и локално ветерот ќе го менува својот правец во северозападен.

Во четврток попладне, како и во петок ќе има услови за изолирана локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

  • НАЈАВА: ОСВЕЖУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА 5  ДО 8 СТЕПЕНИ – Во петок поради продор на посвежа воздушна маса од север, се очекува пад на температурите за 5 до 8 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 39 степени во крајните југоисточни предели од државава, каде освежувањето најмалку ќе се почувствува.

УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki