НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОД УТРЕ ПА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА – ДЕТАЛИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 16 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени.

Потоа од утре па за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека во недела истите ќе бележат тенденција на пад за 5 до 8 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука