НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОД УТРЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО И НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

До крајот на денов времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, повеќе врнежи ќе има во јужните предели а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително потопло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Особено во недела ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец а нов бран на врнежи ќе пристигне во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник кога ќе има и поинтензивни врнежи од дожд.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука