НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: НА СТАБИЛНИТЕ ДЕНОВИ ИМ НЕМА КРАЈ

По краткотрајната дестабилизација на времето која не очекува доцна попладнево, вечерва и утре која ќе услови локален краткотраен дожд, особено во јужните и југозападните предели, повторно ни следуваат стабилни, суво и сончеви денови, иако ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Малку повеќе облаци ќе има само утре.

Утре ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Во Скопје исто така ќе дува умерен до засилен северен ветер, максималната дневна температура утре ќе се искачи до околу 28 степени.

Во текот на следните денови пак, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, постудено ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука