Најнови метео информации за понатаму: Дали СЕПТЕМВРИСКОТО ЛЕТО ќе се задржи и понатаму?!

И понатаму му нема крај на септемвриското лето во државава, што значи дека и натаму нашата држава ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ.

Времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

За нови, детални, и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски