НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕГ – ДОАЃА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

Денес времето во државава ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови од запад и северозапад ќе започнат врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Потоа утре врнежите ќе се прошират речиси насекаде, додека на планините и тоа особено на запад ќе има врнежи од снег. Поради продор на поларна воздушна маса од Арктикот утре кон крајот на денот и навечер ќе настапи нагло и големо заладување на времето проследено со засилен ветер од северен правец и локално провејување на снег.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, додека за време на викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од снег, и тоа поинтензивни во западните и во јужните предели. Температурите на воздухот ќе бидат многу ниски и за време на викендот, како и во текот на следната недела на многу места ќе бидат постојано под нулата, додека наутро понекаде ќе се спуштат и под -15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука