НАЈНОВИ ДЕТАЛИ ЗА ВРЕМЕТО: УШТЕ ПОТОПЛОТО ВРЕМЕ ДОАЃА – СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 35°C

Во следните часови, облачноста од запад и југозапад ќе се зголемува и особено во јужните и југозападните предели ќе има услови за краткотраен локален слаб дожд.

Што се однесува до времето за новата недела која што ни започнува од понеделник, како што најавиме нашата територија ќе биде зафатена од ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, и истата ќе услови ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот.

Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 35 степени.

За време на овој топол бран и период, во Скопје и околината максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 31 степен.

НАПОМЕНА: Температурите на воздухот кој се очекуваат од понеделник па натаму, ќе бидат НАД ПОВЕЌЕ ГОДИШНИОТ просек. Што значи дека ќе биде натпросечно топло. Барем одсега гледано, позначителен пад на температурите на воздухот се очекува дури од следниот викенд.

УВ ИНДЕКСОТ во следните денови ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki