НАЈНОВА ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА МАКЕДОНИЈА И ТОА ЗА СЛЕДНИТЕ СЕДУМ ДЕНОВИ! ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ОЧЕКУВА…

Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ и во следните седум денови времето во Македонија ќе се задржи сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Температурите наутро ќе бидат пониски, што значи дека ќе биде ПОСТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 9 степени.  Максималните дневни температури пак и понатаму ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

На самиот почеток од следната недела температурите ќе бидат УШТЕ ПОВИСОКИ и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 4 и 5 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат до околу 23 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki