НАЈАВА ЗА ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА ВОЗДУХОТ

Во Следните денови ќе продолжи периодот на претежно стабилно, суво и сончево време повремено со умерена локална облачност, само во петок и во сабота и тоа особено во северните и во североисточните предели ќе има услови за слаб локален дожд.

Во петок ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено Долж Повардарието и во источните предели и токму ова ќе услови за расчистување на воздухот низ котлините, па така и условите за магла по одделни котлини ќе се намалат.

Што се однесува до температурите, поради северниот ветер ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука