НАЈАВА ЗА ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ЗА ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА МАКСИМАЛНИТЕ ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денес, како и во текот на следните денови продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Денес и утре температурите и понатаму ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Од недела температурите ќе бележат тенденција на пад за 7 до 8 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината продолжува периодот на претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена облачност. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Денес и утре максималната температура ќе биде над просекот и ќе се искачува до околу 20 степени, додека од недела истата ќе бележи тенденција на пад и ќе се искачува во интервалот од 13 до 15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука