Наврна ГОЛЕМО количество на воден талог – нестабилно и во следните денови

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крива Паланка,и тоа 29 л/м2, потоа во Берово и во Штип 26 л/м2, Демир Капија 8 лм2, Струмица 6 л/м2 и во 5 л/м воден талог. Ова значи дека ОЛУЈНИОТ облак кој вчера во доцните попладневни и вечерни часови навлезе кај нас, најмногу ги зафати североисточните и источните предели на државава. Регистрирана е и локална појава на град.

Понатаму, во следните денови останува нестабилното време, особено во попладневните часдови кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ проследено со град.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33, 34 степени.

Стабилизација на временската состојба кај нас барем одсега гледано се очекува дури од петок.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука