МОЌЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: НАВРНА ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ВОДЕН ТАЛОГ, ВЕТЕРОТ ДОСТИГНУВАШЕ БРЗИНА И ДО 90 КМ/ЧАС

Во текот на изминатата ноќ како што и најавивме нашата територија беше под влијание на моќен циклонски систем кој условуваше врнежи од дожд насекаде низ државава. На повеќе места врнежите беа интензивни а локално беше и нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер од југоисточен правец.

Ветерот во Струмичкиот регион повремено достигнуваше брзина дури до околу 90 км/час, каде беше и најизразен.

Најмногу дожд наврна во Крушево и тоа 40 л/м2, потоа во Паране 35, Виница 34, Охрид 33, Прилеп 31, Тетово 27, Претор 24, Крива Паланка 19 и во Скопје наврнаа 17 л/м2 воден талог.

Нов поизразен влажен бран нашата држава се очекува да ја зафати четврток попладне и во текот на ноќта кон петок, како и во петок, но детална анализа околу ова понатаму. Следете не!

За нови, детални и по потреба обновени метео инфромации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука