МОЌЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: ИЗМИНАТАТА НОЌ НАВРНА ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ВОДЕН ТАЛОГ

Во текот на изминатата ноќ нашата територија се наоѓаше под влијание на циклонска активност и на изразена влажна воздушна маса која насекаде услови облачно и врнежливо време. Врнежите на повеќе места беа интензивни, но сепак најинтензивни врнежи имаше во западните и во југозападните предели од државава.

До утринава најмногу дожд наврна во Охрид, и тоа 26 литри, потоа 19 литри во Претор и во Пожаране, 18 литри во Берово14 литри во Прилеп, 12 литри во Струмица, 11 литри во Демир Капија, 9 литри во Тетово, и по 8 литри во Крива Паланка и во Штип.

Врнежливото време, со поинтензивни врнежи од дожд ќе продолжи и понатаму. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи и тоа особено во текот на ноќта кон утрешниот ден.

НАПОМЕНА: Интензивните врнежи од дожд веќе условуваат покачување на нивоата нареките и на езерата низ државава.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука