МЕТЕО НАЈАВИТЕ СЕ СЛЕДНИ: ТОПЛИТЕ ДЕНОВИ НЕ ЗАВРШИЈА, ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

По значително постудениот бран кој го зафати целиот регион и Македонија, и ни го донесе првиот снег на планините ќе следи ново ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и тоа особено за време на викендот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

До тогаш, односно во текот на следните неколку утра минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, додека нешто посвеж ден ќе биде утрешниот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, во Скопје максималната температура утре ќе се искачи само до околу 21 степен.

Времето ќе биде сончево со умерена облачност, сосема се мали условите за краткотраен локален и слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер и тоа најизразен Долж Повардарието каде ќе биде од северозападен правец, во останатите предели ветерот ќе биде претежно од западен правец.

Од петок ветерот својот правец повторно ќе го промени во јужен и повремено ќе биде засилен, особено за викендот, истиот ќе биде и најава за поголемото затоплување на времето кое ни доаѓа за време на викендот и ќе се задржи и на самиот почеток од следната недела.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука