МЕСЕЧНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА ЈУЛИ: ТОПЛОТНИ БРАНОВИ, НО И ОПАСНОСТ ОД ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ

Според најновите анализи со кој располагаме, месец јули ќе помине во знакот на натпросечно топол месец, што значи се очекуваат почести продори на топлотни бранови од југ (северните предели на Африка).

Температурите за време на максимумот на топлотните бранови кој се очекуваат во текот на овој месец ќе надминуваат и 40 степени, особено во најтоплите предели од државава. Додека во останатите предели тие би се искачувале до околу, па и над 35 степени. Исто така во текот на овој месец не очекува и доста мачно и спарно време.

Што се однесува до врнежите истите би биле над просекот, што значи дека во јули месец очекуваме понестабилно време а можни се и нови временски непогоди како што беше случајот неодамна со невремето во Пелагониско, каде имаше големи штети врз земјоделстото, додека во делови од источна Македонија имаше и паднати дрвја поради олујниот ветер предизвикан од нестабилноста во атмосферата.

Сепак и покрај ова очекуваме и стабилни денови, но нема да има само горештини, ќе има и повремени освежувања на времето со оглед на тоа дека ќе има спуштања и на посвежи воздушни маси од север.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука