МЕДИТЕРАНСКИ ЦИКЛОН ВИКЕНДОВ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА И ЌЕ УСЛОВИ МНОГУ ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР (НАД 70 КМ/ЧАС)!

Уште утре времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 24 степени. Сепак до крајот на денот облачноста од запад ќе се зголеми.

Во Скопје и околината исто така уште утре ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност До крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

За време на викендот територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност од Медитеранот и истата ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и засилен, локално повремено СИЛЕН ветер (над 70 км/час) од југоисточен правец. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (над 40 л/м2). Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и тоа дури за околу 10 степени во споредба со сегашните и особено во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Исто така за време на овој циклон ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Поради падот на температурите, на највисоките планински места низ Македонија (над 2000 м.н.в ќе има услови и за провејување на снег.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki