ЛЕДЕНИОТ БРАН КОЈ ШТО ДОАЃА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ И СНЕГ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ

Ледениот бран кој што веќе се спушта од Акртикот и ќе пристигне кај нас во четврток навечер и во текот на ноќта кон петок ќе донесе и врнежи од снег во најголемиот дел од Македонија, и тоа за време на викендот кој што ни доаѓа.

Според најновите анализи на метеоролошките модели најмногу снег за време на викендот се очекува во западните и во јужните предели од државава, и тоа од 10 до 30 сантиметри, на планинските и повисоките места и повеќе. На другите места се очекува снежната покривка да биде помала.

Температурите на воздухот од петок ќе бидат за 10 степени пониски во однос на сегашните, а од викендот и за повеќе и истите на многу места постојано ќе бидат под нулата. Наутро понекаде температурите за време на овој леден бран се очекува да се спуштат дури и под -15 степени, на планинските места и до околу -20 степени.

Нови и обновени детали околу ова следуваат утре.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука