Крајот на мај го донесе и снегот на планините во државава и регионот

Крајот на овој месец го донесе и снегот на планините во државава, но и во регионот. Снег падна на Попова Шапка и на Пелистер, како и на други високи планини во западниот дел од Македонија.

Освен во Македонија, снег на планините се забележа и во регионот, односно во Босна.

Еве како изгледаше Пелистер на 26.05.2020:

Ова е нормална појава за овој дел од годината поради тоа што нашата држава се наоѓа под директно влијание на студените воздушни маси кои се спуштаат од Арктикот.

Нестабилното време ќе продолжи и на почетокот од новата недела која што ни претстои, а температурите на воздухот ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука