КОТЛИНИТЕ ДА СЕ ПРИПРЕМАТ ЗА МАГЛА И ЗА НИСКА ОБЛАЧНОСТ – ДЕТАЛИ

Од утре па во текот на следните денови Антициклонот кој ја зафаќа нашата територија, но и  тивкото време кое ќе го имаме ќе услови по котлините и по речните долини да има појава на магла и на ниска облачност, која понекаде истата би можела да биде и густа.

Маглата ќе ја има особено во претпладневните часови, и повторно во вечерните и во ноќните часови.

Што се однесува пак до повисоките места и планините, времето ќе биде значително посончево.

Максималните дневни температури на воздухот понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека на местата со магла и со ниска облачност ќе биде нешто постудено.

И во Скопје во текот на следните денови ќе започнат да растат условите за магла и за ниска облачност, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 14, 15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука