ИСКОРИСТЕТЕ ГО УБАВОТО ВРЕМЕ ДОДЕКА МОЖЕТЕ: НА ПОВИДОК ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

Убавото време кое го предизвикува распространиот Антициклон (поле на висок воздушен притисок) нема да се задржи уште многу долго над нашата држава, па затоа ова убаво време кое го имаме искористете го максимално.

Стабилно и суво време ќе се задржи и во текот на следните два дена, односно утре и во понеделник, додека веќе од вторник па натаму се очекува промена на временската состојба кај нас која ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи.

Детална анализа околу ова, и многу повеќе информации следуваат наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука