ИЗМЕРЕНИ -12°C – ОД УТРЕВЕЧЕР НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ

Во текот на денешното утро најниска температура беше измерена на Попова Шапка, и тоа -12 степени, потоа во Маврово -10 степени, Берово -9, Охрид, Претор, Битола и во Прилеп -7 степени, Пожаране, Виница и Ѓуриште -6 степени и најтопло беше во Гевгелија каде се измерени 0 степени.

Во текот на претстојната ноќ локално на планините ќе провејува слаб снег, додека температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени.

Утре во текот на денот од запад облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови ќе започнат врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог.Во текот на утрешната ноќ особено во западните предели ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од југозападен правец, додека Долж Повардарието ветерот ќе биде од југоисточен правец. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Потоа за време на викендот ќе имаме променливо облачно време, во сабота претладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините додека во текот на денот ќе имаме претежно суво време и краткотраен престанок на врнежите. Нови врнежи од дожд и снег на повисоките планини ќе имаме веќе во недела во текот на денот. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер и тоа во сабота од северозападен, додека во недела ветерот ќе биде од југоисточен правец.

Температурите на воздухот ќе бидат во понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука