ЕКСТРЕМЕН СТУД ВО МАКЕДОНИЈА: ИЗМЕРЕНИ -19°C

Нашата територија се наоѓа под влијание на поларна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот и истата услови во текот на денешното утро да имаме ЕКСТРЕМНО студено време.

Најниска температура ова утро е измерена во Берово и тоа -19 степени, во Демир Капија, Битола и во Маврово се измерени -15 степени, потоа во Струмица и во Крива Паланка се измерени -14 степени, во Штип се измерени -13 степени, на Ѓуриште, Пожаране и Тополчани температурата се спушти на -12 степени. На другите места температурата беше под -10 степени, додека во Скопје – Зајчев рид таа изнесуваше -6 степени.

Понатаму минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -18 до -9 степени, додека понекаде истите има услови да се спуштат и до околу -20 степени.

Во Скопје и околината минималната температура за време на овој поларен бран се очекува да се спушти до околу -15 степени.

Како што најавивме и претходно, пораст на температурите на воздухот се очекува дури од четврток па натаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука