ДО НЕДЕЛА ПРОДОЛЖУВА НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ – СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО НА САМИОТ ПОЧЕТОК ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА, ДЕТАЛИ

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа до недела во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Стабилизирање на времето се очекува на самиот почеток од следната недела. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука