ДО ВТОРНИК СТАБИЛНО, СУВО И ТОПЛО – НОВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА ВО СРЕДА

До вторник нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса, па така и времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, што значи дека утрата ќе бидат релативно свежи, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Веќе во среда ќе има дестабилизирање на атмосферата со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Услови за нестабилност ќе има и во четврток, додека од петок повторно времето ќе се стабилизира.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki