ДОСЕГА НАВРНАА 32 ЛИТРИ ДОЖД – ДЕТАЛИ ЗА ВРЕМЕТО ЗА ПОНАТАМУ КАКО И ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

Под влијание на циклонска активност, во текот на изминатата ноќ како и претпладнево речиси насекаде имаше врнежи од дожд, додека во западните и во северозападните планински предели врнежите се од снег каде дојде до зголемување на снежната покривка.

Досега најмногу дожд наврна во Демир Капија, и тоа 32 литри, потоа 23 литри во Пожаране, 19 литри во Тетово, 10 литри во Штип, 9 литри во Скопје, 7 литри во Берово, 6 литри во Битола и во Прилеп и 5 литри во Охрид.

Потоа до крајот на денов локално ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, додека на планините, особено во западните и во северозападните предели ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка. Локално ќе има улови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 5 до 13 степени.

Потоа во текот на следните денови ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, локално и подолги а ќе дува и умерен до засилен, повремено на некои места и СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец (над 80 км/час). Повремено во крајните западни предели ќе има услови и за повремен локален слаб дожд, на повисоките планини слаб снег а повеќе врнежи, и на повеќе места ќе има во текот на ноќта среда кон четврток.

Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

За време на новогодишната ноќ на повеќе места ќе биде стабилно и суво, иако има мали услови за сосема слаб локален дожд а на планините слаб снег. Температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -2 до 6 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука