До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево со умерена, локално и позначителна облачност. Во вечерните часови, како и во текот на ноќта во североисточните и во источните предели ќе има појава на локален дожд и снег на планините. Ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на ноќта ќе има повеќе облачност и ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.
Инаку како што најавивме утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.
Веќе од петок, па за време на викендот, и тоа поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи претежно од снег, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат дури и до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.