ДОАЃА НОВА ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ А СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ…

До овој петок времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Сепак во петок полека облачноста ќе се зголемува, додека во петок навечер и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од дожд.

Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен ветер од северен и од североисточен правец. Токму поради ова на планините над 1200 м.н.в  во западните предели ќе има и повремени врнежи од СНЕГ и се очекува формирање на снежна покривка.

Од недела па натаму повторно следува период на претежно стабилно и суво време.

Температурите до петок ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината до петок времето ќе се задржи стабилно и суво, додека во текот на ноќта петок кон сабота ќе има услови за повремени врнежи од дожд кога ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачува до околу 17 степени.

НАПОМЕНА: До петок по одделни котлини и речни долини во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki