ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: ОД ДЕНЕС ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ ПОПУШТААТ – ЌЕ ИМАМЕ ПОНИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Попладне локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност, особено попладне кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа за време на викендот, како и во почетокот на следната недела ќе имаме сончево време со умерена облачност. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено утре и најизразен Долж Повардарието и во источните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука