ДЕНЕС ПРОМЕНЛИВО И СВЕЖО ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА – ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ СТАБИЛНО, СУВО И ПОТОПЛО ВРЕМЕ, ДЕТАЛИ

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурита ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе бележат тендеинција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука