ДЕНЕС И УТРЕ РЕЛАТИВНО ТОПЛО, НО ВЕТРОВИТО ВРЕМЕ – ОД ЧЕТВРТОК НОВО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Претпладне локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени.

Потоа утре ќе се задржи стабилно, суво и топло време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во четврток и во петок под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер а времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Повторно затоплување и стабилизирање на времето ќе има за време на викендот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука