ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНИОТ ДЕН НЕВРЕМЕ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ НАШАТА ДРЖАВА

Денес, односно до крајот на денов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празења и појава на град.

ПРЕДУПРАДУВАЊЕ: Во ваква ситуација граѓаните да бидат крајно претпазливи, особено во случај на појава на невреме.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Нестабилно ќе биде и во Скопскиот регион со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ.

Од утре па во текот на следните денови, ќе имаме стабилизација на временската состојба кај нас. Ќе можете да уживате повторно во сончевото, стабилно, суво и топло летно време.

За нови, и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука