ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЗГОЛЕМЕНА ОБЛАЧНОСТ И УСЛОВИ ЗА СЛАБИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ – ДЕТАЛИ

Денес времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа во следните денови ќе имаме повеќе облачност а ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури до среда ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени, потоа ќе бележат тенденција на опаѓање за неколку степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука