ВО РОК ОД ДВЕ НЕДЕЛИ ОД ВИСТИНСКА ЗИМА ВО ПРАВО ЛЕТО – ВО ШПАНИЈА ОД -15°C, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПОРАСНАА ДО ЛЕТНИ 30°C

објавено на:

29 Јан 2021

од:

сподели:

За само петнаесет денови од вистинска зима и температури кои се спуштаа до -15 степени проследени со интензивни снежни врнежи и голема снежна покривка, јужните предели од Шпанија се зафатени од вистински летен топол бран и многу високи температури на воздухот (невообичаени за овој период од годината), истите во делови од јужна Шпанија веќе достигнуваат речиси 30 степени.

Ѓраѓаните на јужна Шпанија веќе уживаат во прекрасното време и летните температури кои ги зафатија овие предели.

Според моменталните анализи со кој ние располагаме, во текот на следната недела и во Македонија се очекува стабилизирање на времето и значителен пораст на температурите на воздухот (како на минималните, така и на максималните). Ова ќе се случи по долгиот период на доста нестабилно и студено време, со чести врнежи од дожд и снег.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.