Влажна и нестабилна воздушна маса се движи и кон државава – следните денови услови за појава на град

објавено на:

19 Јун 2020

од:

сподели:

Ниту во текот на следните денови времето кај нас нема да се стабилизира, што значи дека нестабилното време и понатаму ќе продолжи. Под влијание на висински циклон, утре попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.

Од недела атмсоферата ќе биде значително понестабилна па така на повеќе места ќе има почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Локално има услови процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на невреме проследено со појава на град, електрични празнења  и засилен ветер.

Утре максималните дневни и понатаму ќе бидат највисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека за време на викендот, особено во недела  и понеделник истите ќе бележат тенденција на незначителен пад  и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.