ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ ДОЖД НАВРНА ВО ВАШЕТО НАСЕЛЕНО МЕСТО

Во текот на ноќта како и во текот на денешното попладне, под влијание на влажен воздушен бран од запад и од северозапад на повеќе места имаше повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет, па така досега најмногу дожд наврна во Скопје – Петровец и тоа 6 л/м2, потоа во Охрид 5, Пожаране и Тетово 4,  Скопје – Зајчеврид 3, Претор и Крива Паланка по 1 л/м2 и на другите места количеството на врнежи беше под 1 л/м2 воден талог.

Понатаму сеуште ќе има повремени локални врнежи од дожд, локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

За разлика од изминатите денови, денес ќе биде за неколку степени посвежо и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука