ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: ПРОДОЛЖУВА МАГЛАТА И НИСКАТА ОБЛАЧНОСТ ПО КОТЛИНИТЕ – ДЕТАЛИ

За време на овој викенд продолжува периодот на стабилно и суво време со повремена значителна облачност, ќе биде претежно тивко па така и маглата и ниската облачност по котлините и речните долини ќе продолжи.

На почетокот од следната недела, односно во понеделник и во вторник ќе има услови за сосема слаб локален дожд.

Максималните дневни температури во следните неколку денови ќе бележат тенденција на многу мал пад и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука