ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: ПРЕКРАСНОТО СОНЧЕВО ВРЕМЕ ПРОДОЛЖУВА

Под влијание на Антициклон (поле на висок воздушен притисок) и за време на овој викенд времето во државава ќе се задржи стабилно, суво и сончево, повремено  со умерена облачност, особено во недела.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека по одделни котлини и речни долини сеуште ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови.

Минималните температури на воздухот и понатаму понекаде ќе се спуштаат под  нулата и истите ќе бидат во интервалот од -3 до 5 степени, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 во текот на утрешниот ден, и од 11 до 18 во недела.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука