Овој викенд нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
До понеделник ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека од вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен и во северозападен, а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пад, и тоа поради спуштање на посвежа воздушна маса од север.
Услови за локален краткотраен дожд ќе има и во почетокот од следната недела. Температурите овој викенд ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, што значи дека и покрај нестабилното време, истите сеуште ќе бидат натпросечни.
Во Скопскиот регион за време на викендов, исто така се очекува нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 29 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki