За време на овој викенд нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималните температури повторно ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје максималната температура за време на овој викенд ќе се искачи до околу 28 степени.
Потоа во понеделник времето ќе се задржи претежно стабилно и суво, иако попладне и навечер не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи.
Од вторник кај нас се очекува НОВА ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето и ВИСТИНСКА ЕСЕН. Попладнето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град, додека од среда, па се до петок времето ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
Одсега гледано, за време на следниот викенд повторно ќе имаме стабилно, суво и сончево време, но со просечни температури за овој дел од годината.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki