ВЕЧЕРВА ПРВОТО ЛОКАЛНО ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ И НА НЕКОИ ПОНИСКИ МЕСТА!

Под влијание на студен воздушен бран кој се спушта од Арктикот, денес во вечерните часови во западната половина од државава се очекува првото провејување на снег и на некои места со надморска височина од под 1000 метри. Сепак на некои ниски места ќе има услови и за проврнување на дожд и снег, ќе продолжи да дува ветер од северен працец па така и температурите на воздухот ќе се чувстуваат како да се пониски од реално измерените.

До утре наутро температурите на воздухот на повеќе места ќе се спуштат под нулата и ќе се движат во интервалот од -7 до 0 степени.

Од утре исто така, продолжува периодот на стабилно  и суво време без никакви врнежи.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука