Босна и западна Србија на удар на обилни дождови и поплавувања – најнови информации

Како што веќе најавивме, централните предели на Босна  како и западните предели на соседна Србија ќе бидат најмногу погодени од фисинскиот циклон кој ќе го зафати Балканскиот Полуоатров. Токму во овие предели се очекуваат  и најинтензивни врнежи од дожд и тоа особено утре во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник каде во централните предели на Босна се очекуваат да наврнат и над 100 л/м2 воден талог. Во западните предели на Србија доста интензивни врнежи се очекуваат веќе во вторник.

Поради големото количество на воден талог за релативно кратко време, расте опасноста за зголемувања на нивоата на реките и на нивно локално изливање кое може да услови и поплавувања. Сепак најкритично е во централните предели на Босна каде  и врнежите ќе бидат најинтензивни. Исто така и температурите во овие предели ќе се намалат, односно ќе бидат под просекот за овој деел од годината, додека на Јадранот ќе започне да дува силна, до олујна Бура.

Се препорачува граѓаните да бидат внимателни поради опасноста од локални поплавувања, но и од појава на клизишта, особено во Босна.

Спроред најновите направени анализи, најскритично ќе биде во периодот од утре навечер до вторник.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски ТУКА