Африканскиот топол бран следната недела ќе се интензивира – следуваат температури до 40°C

До крајот на оваа недела нашата територија ќе продолжи да биде под влијание на топлиот Африкански бран кој ќе услови температури во интервалот од  30 до 36 степени, во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 38 степени.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, локално во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град и тоа поради доста загреаната атмосфера.

Според моменталните анализи со кој располагаме, Африканскиот топол бран ќе се интензивира во текот на следната недела и тогаш ќе услови уште повисоки температури на воздухот.  Тогаш во најтоплите предели од државава температурите на воздухот ќе се искачат до 40 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ ИНДЕКС кој ќе има коефициент помеѓу 9 и 10.

Токму поради ова граѓаните се советуваат да пијат што повеќе течности и да носат заштитна опрема.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука