АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Снег на алпите, големо невреме во регионот – ГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ се движи кон Македонија

Интензивни врнежи од снег на Европските Алпи, големо невреме во регионот, се во склоп на студената воздушна маса која се спушта од север. Невремето во регионот ќе продолжи и понатаму, а истото полека се спушта и кон Македонија, па така од утре следува период на доста нестабилно и посвежо време со чести врнежи и грмежи во најголем дел од државава.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Исто така локално во следниот период се очекува да наврне значително количество на воден талог, кое може да надмине 60 л/м2 па така поради ова постојат услови, и опаснот од локални поплавувања.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на утрешниот ден ќе бидат во опаѓање и тоа во текот на денот. Истите ќе се спуштат за 7 до 8 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука