АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ДОАЃА ВИСТИНСКИ СТУД И ДЛАБОК МИНУС

Под влијание на МНОГУ студена воздушна маса која се спушта од Арктикот, но и поради разведрувањето кое се очекува насекаде низ државава во текот на претстојната ноќ, температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошно НАГЛО опаѓање и до утре изутрина насекаде ќе бидат негативни, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени.

Во Скопје до утре изутрина минималната температура на воздухот се очекува да се спушти до околу -7 степени. Максималните температури утре сеушто ќе бидат ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени, во Скопје максималната дневна температура утре ќе се искачи до околу 3 до 4 степени а времето низ државава ќе биде претежно сончево со мала локална облачност.

Од среда па натака под влијание на јужно воздушно струење, температурите на воздухот ќе бидат во пораст а времето ќе биде променливо облачно со повремени локлани слаби врнежи од дожд во среда кон крајот на денот и навечер. Поинтензивни врнежи ќе има во четврток во вечерните и ноќните часови кон петок а врнежи од снег поради релативно топлото време ќе има само на повисоките планини.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука